Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Лукас Васкез изјави дека новото засилување Килијан Мбапе е роден за да биде во мадридскиот гигант. Самиот Французин беше претставен како играч на „кралевите“ пред една недела откако пристигна на слободен трансфер од Пари Сен Жермен и потпиша договор до 2029 година.
„Килијан е посебен играч, еден од оние родени да играат за Реал Мадрид. Неговиот трансфер е нешто неверојатно. Имаме возбудлива година пред нас. Додадовме многу талент на она што веќе го имавме со Вини, Родриго, Џуд…“, изјави Васкез за AS.
Лукас Васкез го продолжи договорот со Реал Мадрид до летото 2025 година.