Надал по две години повторно ќе игра финале!

111

Рафаел Надал успеа да стигне до своето прво АТП финале по повеќе од две години. Поранешниот тенисер број еден во светот ќе се бори за пехарот на турнирот во Баштад, Шведска, откако во полуфиналето го совлада Дује Ајдуковиќ од Хрватска со 4:6, 6:3, 6:4 по одличен борба и голем пресврт.

Така Рафа ќе игра за трофејот првпат по финалето на Ролан Гарос 2022 година, кога го совлада Каспер Руд.

Во четвртфиналето му требаа четири часа, а сега во полуфиналето нешто повеќе од два, поточно 133 минути да го совлада 130. тенисер на АТП листата.

ПретходноЗарков се врати во Битола и седна на клупата на Е. Пелистер 2
СледноВини Жуниор доби восочна фигура во „Мадам Тисо“, па реши да ги плаши посетителите (ВИДЕО)