Најдовски не е тешко повреден, ќе се лекува во Скопје и ќе биде спремен за стартот на сезоната!

1753

Сите во Вардар можат да здивнат. По деталните лекарски прегледи сепак утврдено е дека Филип Најдовски, најголемото засилување во овој преоден рок, нема тешка повреда на коленото. Се стравуваше дури дека страдале лигаментите и дека тој ќе мора долго да паузира, сепак не е така. Има повреда на коленото, но не се лигаментите. Повредата се случила на последната контрола при еден незгоден доскок на Најдовски.

Инаку планот е Најдовски да ја напушти експедицијата на Вардар во Раденци (Словенија) и во Скопје да се лекува. Најважно е што тој ќе биде спремен за стартот на сезоната која почнува на 11 август.

Инаку денеска – утре Вардар ќе ги објави и своите две најнови засилувања и со тоа тимот ќе се комплетира, барем кога станува збор за преодниот рок.

Да потсетиме дека попладнево четата на стратегот Горазд Михаилов ја чека третата контрола во текот на овие подготовки, противник е тимот на Чарда Мартјанци а почетокот на мечот е закажан за 17:30 часот.

ПретходноКошаркарите до 20 години се вратија таму каде што им е местото – во Б „Дивизија“
СледноЗарков се врати во Битола и седна на клупата на Е. Пелистер 2