Втора победа на Вардар во текот на овие летни подготовки во Словенија. Попладнево нашиот најтрофеен клуб со 3:1 (1:0) успеа да слави во пријателски меч со тимот на Чарда Мартјанци. Одлична партија на новакот Горан Закариќ (БиХ) кој ги постигна сите три гола и со тоа му покажа дека ќе биде екстра засилување за Вардар во новата сезона.
И на оваа средба тренерот Горазд Михаилов им даде шанса на повеќе свои играчи да покажат што знаат.
Ова беше стартниот состав на Вардар за овој натпревар:
Следниот меч се игра на 23 јули на “Максимир“ во Загреб каде Вардар ќе му гостува на Динамо, на Стефан Ристовски и Аријан Адеми.