Новата сезона во ПМФЛ почнува на 11 август, ждрепката ќе биде следната недела!

1119

Како што дознаваме, нешто подоцна од вообичаеното, сезоната 2024/25 во Првата македонска фудбалска лига ќе започне на 11 август со натпреварите од 1.коло. Во текот на следната недела би требало да се одржи и ждрепката за двојките во  целата сезона, а како што е познато овие 12 екипи ќе бијат битка за титулата:  Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Силекс, Работнички, Гостивар, Брера, Воска, Вардар, Беса и Пелистер.

Што се однесува пак до ВМФЛ, стартот на новата сезона во оваа конкуренција ќе биде на 17 август.

ПретходноВучиќ за Американците: Тешко е да се игра против тие ѕверови
СледноЛукаку е очаен за трансфер во Наполи