Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е се поблиску до заминување од клубот. Него го бара ПСЖ и според последните информации на Тутоспорт, играчот веќе ги договорил личните услови со францускиот шампион.
25-годишниот стрелец се договорил со парижаните да потпише договор за следните пет години, а ќе добива и прилично солидна плата на „Паркот на принцовите“ од 14 милиони евра по сезона. Овие услови ги договори неговиот агент Роберто Календа, кој во последните денови беше во Париз за да разговара со шефовите на ПСЖ.
Сепак, сега останува парижаните да се договорат со Наполи за цената на играчот, а ова останува покомплицираниот дел од зделката. Осимен има откупна клаузула од 130 милиони евра, а Наполитанците не сакаат да го пуштат за помалку. Сепак, ПСЖ се надева дека ќе ги убеди да ја прифатат понудата од 100 милиони евра и неколку други играчи како договори за пазарење во зделката, како Карлос Солер, Норди Мукиеле и Ли Канг-ин.
Иако се уште не се блиску до договор за трансферот на Осимен, Наполи веќе прави планови за негова замена. Желбата на Антонио Конте е тоа да биде Ромелу Лукаку.