Според легендарниот Фернандо Торес, Шпанија има ново фудбалски чудо. Неговото име е Тауфик Сеиду и роден е на 20 јануари 2008 година, значи шест месеци е помал од сега веќе мега- ѕвездата Ламине Јамал.
Овој 16-годишен играч од средниот ред е член на Атлетико Мадрид, а игра во речиси сите младински селекции на Шпанија иако е роден во Гана.
Торес му беше тренер на Сеиду во У-15 на Атлетико Мадрид и тој го препорачал на првиот тим кај Диего Симеоне, па така откако ги одработил првите тренинзи со првиот тим на “јорганџиите“ тие се воодушевени од тоа што го виделе.
Медиумите во Шпанија истакнуваат дека со него, Јамал и Нико Вилијамс репрезентацијата на оваа земја во наредната деценија и повеќе ќе биде на врвот или до него во светскиот фудбал.