Инсајдерот Фабрицио Романо денеска потврди дека екипата на Арсенал, конечно, успеа да ги договори сите формалности околу трансферот на италијанскиот репрезентативец Калафиори од екипата на Болоња. Според информацијата, 22-годишниот дефанзивец заминува во Лондон за конечна сума од 40 милиони евра, плус 5 милиони во форма на бонуси.
Базел, за кој фудбалерот настапуваше пред да се пресели во италијанскиот клуб, ќе добие 50 отсто од сумата зна трансферот.
Минатата сезона Рикардо Калафиори одигра 30 натпревари во Серија А, постигнувајќи 2 гола и 5 асистенции. Тој беше еден од најдобрите фудбалери на Италија на ЕП 2024 и еден од најдобрите дефанзивци на првенството.