19-годишната капитенка на јапонската селекција гимнастика, Шоко Мијата е избркана од делегацијата поради пушење и пиење, дејствија кои го прекршуваат кодексот на однесување на јапонскиот тим и се забранети за Јапонци под 20 години.
Јапонската гимнастичка асоцијација (ЈГА) во петокот објави дека Мијата е отстранета од тренинг кампот на тимот во Монако и се вратила во Јапонија во очекување на дисциплинска постапка. Наводно, Јапонската гимнстичка асоцијација минатиот понеделник добила дојава за можно прекршување од страна на Мијата, која била интервјуирана три дена подоцна. Потврдено е дека таа пушела во Токио на крајот на јуни и почетокот на јули и консумирала алкохол во резиденција во Националниот центар за обука во главниот град.
Во интервјуто, спортистката се обидела да објасни, тврдејќи дека подлегнала на овие забранети дејствија поради тоа што била под значителен притисок. Нејзиниот тренер, Муцуми Харада, го повтори ова чувство, изјавувајќи дека младата гимнастичарка „доживеала високи нивоа на стрес“ и побара разбирање од јавноста.