16-годишната спринтерска сензација од САД, Квинси Вилсон, ќе настапи во американската штафета 4х400 мери на ЛОИ во Париз. Тој дури и ќе се обиде да ја мине границата од 44,20 секунди која ја постави на митингот во Гејнсвил, Флорида, во петокот.
Вилсон го собори светскиот рекорд до 18 години. Тоа беше уште еден импресивен настап на Вилсон, кој заврши на шестото место во финалето на 400 метри на атлетските олимписки тестови во САД за да добие шанса за штафетно место во Париз.
Ако се појави во американската штафета, тој би можел да стане најмладиот американски машки натпреварувач во атлетика кој се појавил на Олимпијада, надминувајќи го Џим Риун кој имал 17 години кога трчал во Токио во 1964 година.