Попладнево на Градскиот стадион во Кратово, Силекс одигра меѓународна пријателска средба српски Трајал. Славеа момците на стратегот Александар Васоски и тоа со головите на Валентин Кочоски и Ален Јашароски, и двацата во текот на овој преоден рок дојдоа во Кратово од Воска Спорт.
Според извештаите од Кратово добра игра на Силекс за ова време од подготовките, создадени биле повеќе шанси, но сепак на крајот било само 2:0, иако победата требало да биде поуверлива.