Неверојатно: Мбапе е најплатен во Реал Мадрид, ама во Ла Лига е на трето место!

1279

 

Килијан Мбапе, најспектакуларниот фудбалер во светот во овој момент конечно го облече дресот на Реал Мадрид. Промоцијата е завршена, потписот до 2029 година е ставен, дресот со бр.9 е негов и сега сите со нетрпение го очекуваме неговото деби за “кралевите“.

Јасно е дека Мбапе со 31,2 милиони евра бруто, е најплатениот фудбалер на Реал Мадрид на годишно ниво, тука не ги сметаме бонусите и спонзорските договори, но според договорот тој се наоѓа на третото место во Ла Лига. Поголеми плати имаат двајца фудбалери на Барселона. Неверојатно.

Инаку ова се ТОП – 10 играчи со најголеми плати на годишно ниво, се разбира бруто:

1.Френки де Јонг (Барселона) 37,5 милиони евра

2.Роберт Левандовски (Барселона) 33,5 милиони

3.Килијан Мбапе (Реал Мадрид) 31,2 милиони

4.Винисиус (Реал Мадрид) 28,8 милиони

5.Јан Облак (Атлетико Мадрид) 28,8 милиони

  1. Давид Алаба (Реал Мадрид) 22,5 милиони

7.Џуд Белингем (Реал Мадрид) 18,7 милиони

8.Илкај Гундоган (Барселона) 16,6 милиони

9.Федерико Валверде (Реал Мадрид) 15 милиони

10.Тибо Куртоа (Реал Мадрид) 14,5 милиони евра

ПретходноПомал е и од Јамал: Шпанија има ново фудбалско чудо! (ФОТО)
СледноКер гледа и не верува: Ј. Судан на полувреме против САД води со +14!