Кошаркарската репрезентација на Јужен Судан ќе биде дел од ОИ во Париз. Пред почетокот на турнирот, овој тим импресионираше против САД, секунди ги делеа од победа против големиот фаворит. Оваа репрезентација може да биде посилна доколку ФИБА го дозволи тоа.
Некогашната НБА ѕвезда Тон Мејкер чека дозвола од ФИБА да го промени националниот тим, одлуката ќе биде позната во понеделник. Тој претходно, пред неколку години дебитираше за Австралија, во време кога побегна од граѓанската војна.
Мејкер е роден во Ј.Суден каде му живеат родителите, кога имал пет години се преселиле во Уганда поради граѓанската војна добиле дозвола да одат во Австралија, па потоа се преселиле во САД и нешто подоцна во Канада.
Тој беше избран на дафтот во 2016 година како десетти пик од страна на Милвоки, настапуваше за Детроит и Кливленд, вкупно доигра 263 меча во период од пет години.
Awaiting FIBA’s final decision Monday, fingers crossed my appeal to get cleared for me to play with South Sudan. Would be a dream come true.🙏🏿❤️ 🇸🇸 #SSD #Olympics
— Thon Maker ™ (@ThonMaker14) July 20, 2024