Норис доби наредба да го пушти Пијастри за историска победа

247

Австралискиот возач Оскар Пијастри од Мекларен победи денеска на трката за Големата награда на Унгарија и ја постигна првата победа во кариерата.

Првата победа во Формула 1 Пијастри ја оствари кога неговиот клупски колега Ландо Норис му ја отстапи првата позиција на три круга пред крајот, по големиот притисок од тимот. На крајот Пијастри беше 2.141 секунди пред Норис. Третото место му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 14.880 секунди, а ова е негов 200-ти подиум во кариерата.

Возачот на Ферари, Леклер го освои четвртото место, а петти беше актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.

Шестото место го зазеде Карлос Саинц од Ферари, а седми Серхио Перез од Ред Бул. Џорџ Расел од Мерцедес беше осми, Цунода од РБ беше деветти, а Ленс Строл од Астон Мартин беше 10ти.

ПретходноГо намачија САД, пред ОИ ќе се засилат: Поранешен НБА кошаркар ја менува репрезентацијата
СледноЈунајтед се откажува од Мароканецот?