Баерн отворено му се закани на Дејвис: Aко треба нека истече договорот, ама нема да добие повеќе пари

1751

Баерн (М) повторно прави притисок врз својот фудбалер Алфонсо Дејвис за да потпише нов договор. Канаѓанецот јасно добил дознаење дека нема да добие „зелено светло“ за заминување ова лето.

Почесниот претседател на клубот, Ули Хенес, се огласи во медиумите и кажа што му било предочено на Канаѓанецот.

„Многу јасно му кажавме дека ќе дозволиме да истече договорот ако не го продолжи“, рече 75-годишниот Хенес.

„Тој нема да добие повеќе пари. Сега перформансите треба да се покажат како важност за нови подобрени договори со Баерн“, дополнил Хенес.

Дејвис има договор со Баерн до 2025 година.

ПретходноМаркез си замина од Барселона
СледноВида се прости од репрезентативниот дрес на Хрватска