Го „изиграа“ за 1,1 милион долари: Ноле прво на суд – па на ОИ во Париз

4696
Фото: Ролан Гарос/Твитер

Новак Ѓоковиќ полека влегува во последната фаза од подготовките за Олимписките игри во Париз. Тој по поразот во финалето на Вимблдон замина на одмор со своите најблиски, а таму освен што ужива со семејството, времето го поминува на тренинзи и подготовки.

Српскиот ас се подготвува за настап на Олимписките игри, а пред тој турнир фановите на социјалните мрежи се потсетија на еден детал кој можеби сте го заборавиле. Станува збор за егзибицискиот меч со легендарниот бразилски тенисер Густаво Куертен од 2012 година. Во тоа време, имаше договор да му исплатат 1,1 милион долари, но наместо тоа тој доби само 450.000 долари.

Новак беше трпелив, чекаше неколку години да му се платат долговите, ветувањето не се исполни, па следеше тужба. Тогаш властите на Рио решија да возвратат со противтужба и се обидоа да обвинат одредени административни грешки, но не успеаја. Србинот тогаш го загуби првиот судски спор, но го доби вториот.

ПретходноЈунајтед се откажува од Мароканецот?
Следно„Јутјуберот“ го повреди зглобот, но не се откажува од борба со Мајк Тајсон