Денеска полни 18 години: Реал го купи пред 584 денови, ама од денеска е нов “крал“!

1287

 

Ден кој што Реал и младиот Бразилец го чекаа точно 584 денови.Имено денеска Ендрик прославува роденден, денеска полни 18 години и од денеска и официјално е нов член на Реал Мадрид. Промоцијата ќе биде следната сабота, се разбира на “Сантијаго Бернабеу“.

Познато е дека Реал Мадрид го купи Ендрик од Палмеирас пред 584 денови. За него се потрошени 60 милиони евра, пари кои Палмеирас ги доби, но со напомена дека Ендрик и официјално ќе биде “крал“ кога ќе наполни 18 години.

Еве денеска е тој ден. Мбапе, Ендрик, Винисиус, Родриго…каков ли само напад ќе има на располагање Карло Анчелоти следната сезона.

ПретходноПолноќна “бомба“ во Сплит: Ракитиќ и официјално е нов член на Хајдук! (ВИДЕО)
СледноИнтер Мајами на спектакуларен начин му го честиташе 45-тиот трофеј на својот Лео Меси! (ФОТО)