Место во Брера, каде што и беше најавуван, Жибрил Дианеси ќе игра во дресот на Вардар. Французинот кој е со потеко од Мали, веќе е во Словенија каде што вардарци се на подготовки. Инаку Дианеси е напаѓач кој и тоа како добро ќе му дојде на шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов.
Во текот на денот, најдоцна до утре, Вардар ќе потпише со уште еден фудбалер од Франција. Па така со тоа веројатно ќе го заврши овој интензивен преоден рок во кој раководството на клубот се потруди и тоа како да создаде квалитетен тим за наредната сезона.