ДП: Деари и Мицов финалисти кај мажите, Симева и Митевска кај девојките

118

Познати се учесниците на годинашново Државно првенство на Македонија во поединечна конкуренција кај мажите и кај девојките. Шендрит Деари и Стефан Мицов ќе играат меч за шампионската титула кај мажите откако во денешните полуфинални мечеви ги победија своите ривали, Деари ланскиот првак Димитар Грабул, а Мицов младиот Кристијан Јанев. Двата меча беа решени во три сета.

Деари го совлада Грабул со 2-1 во сетови (64 36 63). Првиот сет го доби финалистот од лани, а потоа Грабул успеа да изедначи и мечот беше решен во третиот сет, кој ми припадна на Деари и со тоа успеа да се реваншира за загубениот меч од ланското финале. Во второто полуфинале Мицов успеа да направи пресврт, откако 16-годишниот Јанев поведе добивајќи го првиот сет 6:2. Во следните два сета Мицов загуби само три гема и ги доби со 6:2 и 6:1.

За Мицов ова е вкупно осмо финале,а има две шампионски титули (2011 и 2013), додека Деари има една титула (2009), а ќе го игра своето седмо финале. Интересно е и тоа што овие двајца тенисери токму во три години кога некој од нив бил државен првак играле и финални мечеви меѓусебе и скорот е 2-1 за Мицов. Инаку, лани во полуфиналето Деари го победи Мицов со 2-0 во сетови (62 61).

Во женските полуфинални мечеви Александра Симева ја победи актуелната шампонка Теона Андова со 2-0 во сетови (62 61) и се пласираше во своето петто финале, а воедни и се реваншираше на Андова за ланскиот пораз од 2-1 во сетови. Во второто полуфинале Ана Митевска (16 години) ја победи Моника Темкова со 2-0 во сетови (64 64). За Митевска ова ќе биде прво финале во кариерата, додека Симева веќе има и три титули државна шампионка (2019, 2020 и 2022).

Лани на државното првество Симева и Митевска играа во меч од 2.то коло, а Симева победи со 2-0 во сетови (62 63).

РЕЗУЛТАТИ полуфинале (мажи):

Шендрит Деари (3, Југ) – Димитар Грабул (1, Југ)     2-1 (64 36 63)

Стефан Мицов (2, Неготино) – Кристијан Јанев (8, Југ)    2-1 (26 62 61)

РЕЗУЛТАТИ полуфинале (жени):

Александра Симева (3, Мондано) – Теона Андова (1, Југ)    2-0  (62 61)

Ана Митевска (Југ) – Моника Темкова (Чери)                        2-0 (64 64)

Финалните мечеви се играат утре (понеделник) со почеток во 9 часот.

ПретходноСампаоли со шокирачка изјава: Дембеле игра како аутист, Мбапе е сличен
СледноФранција одмаздена: Галевски херој, Македонија е деветта во Европа!