Синоќа во Лондон малку недостигаше да се случи светска сензација. Сите оние мега – ѕвезди во пријателски натпревар да загубат од Ј. Судан. На осум секунди Леброн Џејмс ги спаси од срамен пораз, а во последниот напади судиите помогнаа да се избегне поразот.
Пред мечот легендарниот Пол Пирс, кој со Бостон во 2008 година го освои трофејот во НБА, со големо понижување говореше за кошаркарите на Ј. Судан.
“Се прашувам дали имаат кошаркар повисок од 190 см. Прашање е само дали ќе загубат со 30 поени разлика или повеќе“истакна препотентниот Американец.
По мечот,откако виде како САД успеаја да дојдат до победата, Пирс констатираше:
“Жалам што претходно не бев запознат со играта на Ј. Судан“.