Маркез си замина од Барселона

576

Рафаел Маркез ја напушти Барселона. Денеска каталонскиот клуб објави раскин на договорот со мексиканскиот стручњак. Маркез беше тренер на вториот тим на Каталонците, а по заминувањето на Чави се споменуваше како најсериозен кандидат да го преземе првиот тим. Сепак, Лапорта се одлучи да го повика Ханси Флик, а очигледно тоа не му се допадна на Маркез, кој реши да замине.

Маркез во иднина ќе работи како помошник на Хавиер Агире во мексиканската репрезентација, а по Светското првенство во 2026 година ќе ја добие и селекторската палка.

На клупата на Барселона Б, Маркез на 82 натпревари забележа 40 победи.

ПретходноСплит на нозе, пристигна Иван Ракитиќ (ВИДЕО)
СледноБаерн отворено му се закани на Дејвис: Aко треба нека истече договорот, ама нема да добие повеќе пари