Младинките двапати поразени на стартот на Балканското првенство

51

Младинската женска одбојкарска репрезентација на Македонија со два порази ги почна настапите на Балканското првенство во Тирана, Албанија. Избраничките на селекторот Александар Митев вчера во првото коло беа поразени од Црна Гора со 3:1 во сетови, додека денеска во 2. коло загубивме со убедливи 3:0 од еден од главните фаворити на турнирот, селекцијата на Србија.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОЛА 1:3 (10:25, 25:23, 17:25, 21:25)

СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА  3:0 (25:17, 25:20, 25:15)

На првиот меч со Црногорките по едно лошо отворање на мечот со само 10 освоени поенби во првиот сет, успеавме да се вратиме со одлично издание во вториот сет кој го добивме со 25:23 за 1:1. Потоа Црногорките ги освоија следните два сета со прилично голема предност за победа во четири сета.

Денеска против србија одигравме добро во првите два сета. По 17 освоени поени во првиот сет, имавме извонредно интересен втор сет во кој влеговме во завршницата скоро во егал, но Србија со серија успеа да дојде до 25:20 за клучни 2:0. Во третиот сет имавме слаб учинот со само 15 освоени поени.

Во 3. коло утре ќе се обидеме да ја оствариме првата победа против домаќинот, селекцијата на Албанија.

ПретходноПСЖ го „олади“ Манчестер Ј. за Угарте, сега бара 70 милиони евра
СледноБеса ремизираше против косовски Гњилани на тест-меч во Банско