Полноќна “бомба“ во Сплит: Ракитиќ и официјално е нов член на Хајдук! (ВИДЕО)

304

 

Готово е. Веќе нема дилеми. Иван Ракитиќ и  официјално е нов член на Хајдук. Ова на полноќ го објави хрватскиот гигант и ги израдува своите фанови дека во следната сезона белиот дрес на тимот ќе го носи еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата.

Интересно е тоа што Хајдук со специјално видео, супер идеа, го објави овој трансфер. Инаку наназад неколку денови се најавуваше овој трансфери конечно се оствари желбата Ракитиќ да игра за Хајдук откако го раскина договорот со Ал Шабаб од С. Арабија каде заработруваше 15 милиони евра по сезона.

Со ова тренерот Џенаро Гатузо доби фантастичен играч а и нашиот Александар Трајковски фантастичен соиграч.

Еуфорија во Сплит. Иван Ракитиќ е нов член на Хајдук.

ПретходноЛеброн и другарите до последната секунда се “тресеа“, сепак САД го победи Ј. Судан!
СледноДенеска полни 18 години: Реал го купи пред 584 денови, ама од денеска е нов “крал“!