ПСЖ го „олади“ Манчестер Ј. за Угарте, сега бара 70 милиони евра

339

Манчестер Јунајтед се уште е многу далеку од договор со ПСЖ за купување на играчот од средниот ред Мануел Угарте. Иако англиските медиуми објавија дека Угарте ќе биде третото засилување во летниот преоден рок, откако „црвените ѓаволи“ ги договорија личните услови со Угарте, сега како голем проблем излегоа преговорите меѓу двата клуба.

ПСЖ минатата година го ангажираше Угарте од Спортинг Лисабон за 60 милиони евра и сега сака да заработи на негова продажба, па ја зголеми цената на Угарте на 70 милиони евра. Манчестер Ј. не сака да плати толкава сума за 23-годишниот уругвајски репрезентативец, па преговорите се прекинати.

„Мирор“ јавува дека преговорите ќе продолжат откако Јунајтед ќе има нешто поконкретно да понуди за Угарте, блуску до сумата која за него ја бараат Французите.

ПретходноКер по лошиот меч: Секој може да не победи
СледноМладинките двапати поразени на стартот на Балканското првенство