Шпанскиот тенисер, еден од најдобрите на сите времиња, Рафаел Надал го заврши учеството на турнирот во Бастад, Шведска. Во финалето беше поразен од Нуно Борхес со 2:0 во сетови.
Шпанецот добро го започна овој турнир, но во финалето, на патот до првата титула по долго време, Рафа ќе си замине дома со утешна втора награда.
Двата сета ги доби доминантно Португалецот, првиот го доби со 6:3, додека вториот беше далеку поневозбудлив со само два гема кои ги освои Надал.
Рафа по овој турнир ќе направи голем скок на АТП листата, а Борхес освојува уште една титула во кариерата против еден од најдобрите.