Словенецот Погачар е победник на Тур Д’Франс

205

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар по третпат во кариерата победи на најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур Д’Франс“.

Словенецот беше најдобар и на последната, 21. етапа, поточно на хронометарот од Монако до Ница. Тоа беше негова шеста етапна победа оваа година на познатата трка, трета по ред и 17-та во кариерата.

„Многу сум среќен. По двете лоши години што ги имав, оваа беше совршена. Голема среќа за мене, неверојатно е она што се случи. Можно е секој ден да има лоши денови, но тука бев мотивиран секој ден“, изјави Погачар.

На крајот, Погачар ја заврши трката со време од 83.38:56 часа, 6.17 минути пред Вингегор кој финишираше втор.

ПретходноБеса ремизираше против косовски Гњилани на тест-меч во Банско
СледноСплит на нозе, пристигна Иван Ракитиќ (ВИДЕО)