Сплит на нозе, пристигна Иван Ракитиќ (ВИДЕО)

372

Илјадници фанови на Хајдук денеска го пречекаа хрватскиот фудбалски ветеран  Иван Ракитиќ (36), кој се реши да се врати дома и да ја продолжи кариерата во сплитскиот состав.

Ракитиќ пристигна во Сплит денеска, а претходно клубот објави дека договорот е потпишан. Делириум настана кај толпата навивачи кога Ракитиќ се појави на терасата на клупската управа.

„Благодарам на сите, на навивачите, на мојата сопруга што ме поддржаа. Пред три месеци, ако некој ми кажеше дека ова ќе се случи, само ќе се насмеев. Но добив можност да го вратам она што ми го даде Хрватска. Ги имам најдобрите пријатели во Сплит, затоа и ова е специјално за мене“, изјави Ракитиќ.

Сплитските бели се подготвуваат да стават крај на долгогодишната доминација на Динамо во хрватскиот фудбал. Летово стигна Ракитиќ, а на тренерското место седна Гатузо. Калиниќ сега ќе диригира од позицијата спортски директор.

ПретходноСловенецот Погачар е победник на Тур Д’Франс
СледноМаркез си замина од Барселона