Вчера во пријателски меч селекцијата на САД едвај, па и со помош на судиите, успеа да слави над Ј. Судан со 101:100. Сеакако дека по средбата имаше критики до Леброн и компанија за како играа, но тоа не го тангираше премногу “кралот“ Џејмс.
Па со една изјава тој упати порака до Србија, селекција која се смета дека е најголем ривал на САД во битката за титулата.
“Искрен да бидам повеќе сакам вакви мечеви каде ќе бидам тестиран до крајни граници отколку противниците буквално да ги рзабиваме“ посочи Леброн алудирајќи на убедливата победа на САД против Србија пред неколку дена.
Со оваа изјава тој просто ги збесна Србите, пред се фановите во таа земја. Сепак, му се може. Имено тој и останатите во селекцијата на САД покажаа дека кога играат мотиворано никој ништо не им може, а познато е зошто Леброн токму против Србија ќе има најголеми мотиви.