Ако бараме импулс за спортска иднина, не само денеска, туку и во изминатите денови го добивме од Словенија. Ракометот останува да ни ги исполнува срцата со уникатната среќа. Овој пат за тоа беше задолжена македонската младинска репрезентација која во последниот меч на Европското првенство одигра уште еден храбар меч. Овие момчиња не потпаднаа на резултатот од првата средба, туку излегоа мотивирано, ја покажаа својата спортска дрскост и решителност да дојдат до победа против Франција за деветто место на евро-шампионатот.
Секој на свој начин придонесе за овој резултат, од голмани до сите останати. Играа како под ноти, се бореа за секоја топка, на крајот ги заслужија сите честитки и епитети кои ги красеа низ деновите минати во Целје.
Во ракометот Македонија има надеж, останува обврската на клубовите да ги растат опкружувајќи ги со целосна доверба, недозволувајќи некој треторазреден странец да им го зеде местото.
Капа доле храбри момчиња.