Младинската репрезентација на Шпанија e освојувач на Европското првенство кое денеска заврши во Словенија. Шпанија е старо нов-шампион, откако во финалето на славеше против Португалија со 35:31.
Феран Кастиљо имаше блескава партија со 11 гола и беше носител на играта на Шпанија. Кај селекцијата на Португалија се истакна Мигел Оливеира со исто толку погодоци.
Третото место и припадна на Данска, која ја победи Германија со три гола, 26:23.