Манчестер Јунајтед е заинтересиран за враќање на Софијан Амрабат, фудбалер кој е под договор со Фиорентина, но денеска пристигнаа нови информации во врска со овој потенцијален трансфер.
Клубот од „Олд Трафорд“ не сака да плати 20 милиони евра за овој фудбалер колку што е откупната клаузула, туку сака да преговара за други услови.
Интересот се уште постои, Ерик тен Хаг наводно го обожава овој играч од средниот ред и би сакал да го види во своите редови, но со оглед на тоа што има интерес и од други клубови, на Манчестер Јунајтед се чини се потешко е да го врати овој играч на „Олд Трафорд“.
Во текот на кариерата Амрабат играше за Утрехт, Феенорд, Бриж, Верона и Фиорентина. Тој е стандарден марокански репрезентативец, има 57 натпревари.