„Јутјуберот“ Џејк Пол тврди дека ќе биде подготвен да се соочи со Мајк Тајсон во ноември и покрај тоа што се мачи со скршен зглоб. Тој требаше да се бори со Тајсон синоќа, но боксерската легенда во тешка категорија беше принуден да ја одложи борбата до ноември затоа што има проблеми со чир.
Пол место оваа битка се појави на ринг со светскиот шампион во бокс без ракавици, Мајк Пери, каде и заработи повреда на зглобот.
„Не се чувствував многу добро вечерва. Бев болен и тоа е само плус причина што се случу ова. Мојот зглоб не е добар. Отече како голема топка. Јас сум воин, Ќе се борам преку се. Борбата со Тајсон ќе се одржи“, тврди Пол.