Победа за крај: Само Црна Гора е полоша од нашите кошаркари

176

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години со победа се одјави од Европското првенство А „Дивизија“ кое се одржува во Полска. Во битката за претпоследното 15-то место избраниците на Боро Смилковски ја совладаа Црна Гора со 81-69.

Вкупниот биланс во оваа авантура меѓу најдобрите европски селекции е шест порази и една победа. Македонија со оваа генерација се враќа во Б „Дивизија“ кое вистинско место за квалитетот со кој располагаме.

Црна Гора ја доби првата четвртина со 11-15, по што следеа два одлични периоди за нашите момци (26-12, 25-15), доволни за да успеат да дојдат до триумф. Во последните десет минути Црна Гора се разбуди, но немаше сили за пресврт.

Симиќ постигна 15 поени, Стојановски и Бојчев по 13, додека Иванов имаше 11.

Претходно“Лудило“ за Ракитиќ: Сплит вечерва ќе “гори“, во 19:30 часот ќе биде одржана промоцијата!
СледноМладинците во битка за 9. место против единствениот тим кој им нанесе пораз на ЕУРО