Шпанија е нов младински шампион на Европа

388

Младинската репрезентација на Шпанија e освојувач на Европското првенство кое денеска заврши во Словенија. Шпанија е старо нов-шампион, откако во финалето на славеше против Португалија со 35:31.

Феран Кастиљо имаше блескава партија со 11 гола и беше носител на играта на Шпанија. Кај селекцијата на Португалија се истакна Мигел Оливеира со исто толку погодоци.

Третото место и припадна на Данска, која ја победи Германија со три гола, 26:23.

ПретходноВида се прости од репрезентативниот дрес на Хрватска
СледноФранцузите уапсија и осудија на две години затвор 19-годишник кој подготвувал напади за време на ЛОИ 2024