Иако се чини дека се беше готово Џејдон Санчо во следната сезона, како повратник од Дортмунд, да биде еден од главните играчи на Манчестер Јунајтед, денеска од Островот доаѓаат информации дека напаѓачот е пред сензационален трансфер.
Имено за него голем интерес пројавил ПСЖ и спремен е да ја плати отштета која Јунајтед ја бара за репрезентативецот на Англија. Сега на потег е Ерик тен Хаг кој пред два дена изјави дека со Санчо се е ок, тој му даде шанса на вчерашната пријателска со Ренџерс.
Токму затоа ова е сензационална вест во однос на Санчо.