Бонучи: Конте ќе го однесе Наполи најмалку до второто место во Серија А

183

Некогашниот италијански репрезентативец Леонардо Бонучи смета дека ова лето Наполи направи извонредна работа со ангажирањето на Антонио Конте за нов тренер на тимот.

„Потполно се согласувам дека Конте ќе го однесе Наполи барем до второто место во Серија А следната сезона. По сите тешкотии минатата сезона, Наполи го направи најдобриот избор. Го ангажираа еден од најдобрите тренери во светот кој го дава вистинското фудбалско знаење. Тоа ни се случи и во Јувентус. Наполи има силен и квалитетен состав, така што Конте ќе направи одличен тим“, изјави поранешниот дефанзивец на репрезентацијата на Италија.

Минатата сезона „наполитанците“ завршија на десеттото место во Серија А, по неколкуте тренерски промени.

ПретходноНорвежаните не сакаат ВАР: Меч прекинат во знак на протест против употребата на ВАР системот (ВИДЕО)
СледноКЛ: Познати четирите можни ривали на Струга ТЛ на денешната ждрепка во Нион