Вардар фаќа залет за Динамо Загреб (ФОТО)

1149

ФК Вардар во полн ек се подготвува за новата сезона во ПМФЛ. Базата на „црвено-црните“ е во Раденци во Словенија каде се работи на физички и тактички план. Вардарци веќе одиграа и три пријателски натпревари, на два запишаа победа (против Чарда Мартјанци и Мура), на еден пораз (Бристрица).

Главната контрола е утре. Македонскиот тим ќе биде гостин на Динамо Загреб на „Максимир“, дуел кој се игра со почеток во 19 часот. Билетите за овој меч се продаваат по цена од 10 евра.

Во изминатиот период Вардар ги засили своите редови со странски и домашни имиња, мозаикот полека се затвара. Нови имиња доби и стручниот штаб. Сето ова е најава за добри времиња во редовите на „црвено-црните“.

Претходно“Бомба“ од Островот: Донарума се сели во Премиер-лигата?!
СледноОфицијално: Првиот стрелец во ПМФЛ со трансфер од Воска во Магдебург! (ФОТО)