Двајца тренери од Аргентина во стручниот штаб на Вардар

2395

За време на подготовките за новата сезона, ФК Вардар полека го комплетираше и стручниот штаб. Во тимот на шефот на струката, Горазд Михаилов дојдоа нови кондициски тренери и тоа од Аргентина.

Со тимот почнуваат со работа Гонзало Томас Басигалупо и Пабло Себастиан Пардеиро кои ќе работат на подигнување на новото на физичка подготовка на тимот во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Вардар за утре во Загреб има закажано контролен меч со Динамо (З), а на 27 овој месец ќе тестира и со англискиот чемпионшип состав, Свонси.

ПретходноПо првото финале по две години: Надал скокна 100 места на АТП листата
СледноРики Рубио му кажа „Да“ на Хувентуд, по 15 години се враќа дома