Докуметите се подготвени: Варан потпишува двегодишен договор со Комо

105

Искусниот француски дефанзивец Рафаел Варан кариерата ќе ја продолжи во Комо. Она што се најавува веќе долго време е на чекор до финализација.

Инсајдерот Фабрицио Романо пренесува дека поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе потпише договор со италијанскиот клуб до летото 2026 година. Ќе има опција за продолжување на уште една година.

Документите се веќе подготвени и се чека на потпишување, откако Варан ќе ги мине и задолжителните лекарски прегледи.

Минатата сезона Французинот одигра 22 натпревари во Премиер лигата и постигна 1 гол. Комо во него ќе добие искуство неопходно за првата сезона во Серија А.

ПретходноРики Рубио му кажа „Да“ на Хувентуд, по 15 години се враќа дома
СледноМесто со седум, Македонија со шест спортисти оди на ЛОИ 2024: Ивановски и Рељиќ ќе бидат знаменосци