Зени Хусмани (33) е пред потпис со Гостивар. Преговорите се во тек и по се изгледа дека искусниот играч за врска повторно доаѓа во нашата ПМФЛ. Да потсетиме дека тој пред 4-5 години играше за Шкендија.
Хусмани е некогашен младински репрезентативец на Македонија, роден е во Гостивар а покрај Шкендија во својата кариера играл и за екипите на Домжале, Шибеник, Гиресунспор.
Се разбира дека Гостивар во Хусмани добива големо засилување.