Сега е и официјално, потврдено. Имено денеска ИХФ потврди дека нашата машка јуниорска ракометна репрезентација ќе учествува на СП 2025 во Полска откако на ЕП, кое штотуку заврши, го освои 9.место.
На У21 СП во Полска ќе настапат следниве европски репрезентации:
Шпанија, Португалија, Данска, Германија, Шведска, Австрија, Исланд, Норвешка, Македонија, Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Словенија, Романија и домаќинот Полска.
Претставници на Азија ќе бидат репрезентациите на Бахреин, Јапонија, Саудиска Арабија и Јужна Кореја.
Другите 11 претставници ќе бидат од Африка (5), Јужна и Централна Америка, Америка и Кариби, а веројатно ќе остане и место за вајлд карта.