Македонската младинска машка ракометна репрезентација која го освои деветтото место на Европското првенство кое се одржа во Словенија, по пристигнувањето во Скопје беше на прием кај Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.
Практично од доаѓањето на Мукаетов на чело на РФМ почна процесот на градење на националната иднина на овој спорт. Од година во година овие најави се реализираа за да денеска бидеме горди и на младите генерации.