И официјално Алекса Марушиќ е нов член на Магдебург, некогашниот гигант на Источна Германија, а сега член на 2.Бундеслига. Секако дека ова е изненадување ако се знае дека ретко се прават вакви транфери од ПМФЛ во Германија, а уште помалку од Воска во Магдебург.
Но,ете се случи,Марушиќ попладнево е промовиран во дресот на овој клуб. Колку за потсетување, ова лето за најдобриот стрелец во ПМФЛ за мината сезона беа силно заинтересирани сите наши големи клубови, како и клубови од Балканот, но сепак интернационалецот од Црна Гора, по само една година мината во Воска, се пресели во Магдебург.