За Пеп Гвардиола најверојатно ова ќе биде последна сезона во Манчестер Сити и покрај тоа што богатите сопственици прават се за да го задржат уште некое време. Гвардиола во Англија освои се што можеше, па веќе нема посебна мотивација и предизвик.
Во последната сезона тој се чини нема да смета на услугите на Кевин де Брујне за кого веќе некое време се зборува дека ќе замине во Саудиска Арабија. Сити нема да му прави проблеми да ги реализира своите планови, макар тие биле да оди на Блискиот Исток.
Пеп лесно нема да најде неговата замена. Во разговор со новинарите спомена дека постои само една идеална замена, но таа е недостапна. Станува збор за Џуд Белингем.
„За жал, во моментов не можеме да го купиме, тој е играч на Реал и со години ќе доминира во Мадрид“, рече Пеп.
Сити и Реал се главни конкуренти за трофејот во Лигата на шампиони, па токму затоа немаат намера да си пуштаат врвни играчи.