Хамес Родригез повеќе нема да игра за бразилски Сао Паоло. Репрезентативецот на Колумбија го раскина договорот со бразилскиот клуб и сака да се врати во Европа.
„Глобо Ешпорте“ пренесува дека претставници на 33-годишниот играч од средниот ред се договориле со раководството на клубот за раскин на договорот кој беше со важност до летото 2025 година. По фантастичните настапи на Копа Америка, Хамес веќе доби неколку понуди за враќање во Шпанија, каде што играше за Реал Мадрид.
Колумбиецот одигра 22 натпревари за Сао Паоло и постигна 2 гола.