Џејдон Санчо пред сензационален трансфер?!

1528

Иако се чини дека се беше готово Џејдон Санчо во следната сезона, како повратник од Дортмунд, да биде еден од главните играчи на Манчестер Јунајтед, денеска од Островот доаѓаат информации дека напаѓачот е пред сензационален трансфер.

Имено за него голем интерес пројавил ПСЖ и спремен е да ја плати отштета која Јунајтед ја бара за репрезентативецот на Англија. Сега на потег е Ерик тен Хаг кој пред два дена изјави дека со Санчо се е ок, тој му даде шанса на вчерашната пријателска со Ренџерс.

Токму затоа ова е сензационална вест во однос на Санчо.

ПретходноПознати се групите на турнирот “Крсте Андоновски“!
СледноИзгледа прекрасно: Реал Мадрид го претстави гостинскиот дрес за новата сезона! (ВИДЕО)