Камерунецот Донгмо ќе биде последното засилување за Вардар

2177

23-годишниот Камерунец, Даниел Донгмо, ќе биде последно засилување за ФК Вардар во пресрет на новата сезона. Според последните информации, Донгмо е веќе со составот на „црвено-црните“ и наскоро ќе се случи и неговата официјална промоција.

Станува збор за играч за врска, кој последната сезона ја помина во Франција во вториот состав на екипата на Троја. Претходно ги поминал младинските погони на овој француски клуб.

Вардар полека ги привршува подготовките во очекување на успешен старт на новата сеозна.

ПретходноЦибона се откажува од АБА лигата? МЗТ Скопје е потенцијална замена!
СледноПо првото финале по две години: Надал скокна 100 места на АТП листата