Место со седум, Македонија со шест спортисти оди на ЛОИ 2024: Ивановски и Рељиќ ќе бидат знаменосци

732

Македонија на Олимписките Игри кои од 26 јули до 11 август ќе се одржат во Париз ќе има свои претставници. Од спортистите ги имаме шест, додека ќе имаме и претставници кои ќе делат правдата на терените, меѓу нив, не по заслуга на МОК, ќе биде и една од најдобрите светски судиски двојки, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Знаменосци ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ

„Можеби требаше да биде тука и Министерот за Спорт, бидејќи МОК е само сервис“, изјави Владо Богоевски, кој зборуваше за опремата која е доделена и колку можеби личат на Шпанија.

Нашите спортисти за Париз патуваат утре, ќе бида сместени во Олимпиското село. Тие испратија порака до македонската јавност дека се подготвени за висок дострел на ОИ, а дел од нив најавија и борба за медал.

Ева Петровска (пливање/800 метри слободно) која требаше да оди на ОИ нема да дојде поради здравствени проблеми. На прес-конференцијата од спортистите не беа Дарио Ивановски, кој е во Париз и Владимир Егоров, кој е на подготовки.

Дарио Ивановски (атлетика) – ќе настапи на 10 август на маратонската трка

Владимир Егоров (Борење до 57 кг, слободен стил) – ќе настапи на 8 август

Никола Ѓуретановиќ (пливање/400 метри слободно) – ќе настапи на 27 јули/квалификации 400 метри слободно

„Се подготвував во Бугарија, мојата форма е на високо ниво. Иако одам првпат на ОИ, ова ќе биде големо искуство за мене, не само за сега туку за во иднина“.

Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка) – ќе настапи на 27 јули

„Стабилизиравме резултат кој е конкурентен за пласман во најдобрите десет“.

Еди Шерифовски (џудо) – ќе настапи на 30 јули

„Психички и физички најдобро подготвен, да ја претсавиме Македонија во најдобро можно светл“.

Мила Рељиќ (таеквондо) – ќе настапи од 7-10 август

„Први ОИ, пред два дена се вратив од 15-дневен тренинг камп, имав тројца-четворица спаринг партнери, кои работеа само со мене. Очекувам да го дадам максимумот, се надевам со добра ждрепка може да стигнеме до медал“, изјави Рељиќ.

СУДИИ

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракометни судии)

Иван Михајловски (триатлон судија) – прво учество на ОИ

Анета Павловска (Тениска судијка)

Свој претставник ќе имаме на Параолимписките Игри во Париз, а таму ќе не претставува Оливера Наковска Бикова (стрелаштво).

ПретходноДокуметите се подготвени: Варан потпишува двегодишен договор со Комо
СледноЛиверпул подготвува трансфер „бомба“: Уште еден Јапонец на „Енфилд“