Младинците на прием кај Ристовски, Мукаетов потенцира: Фокусот останува ист – градење на репрезентативната иднина!

630

Македонската младинска машка ракометна репрезентација која го освои деветтото место на Европското првенство кое се одржа во Словенија, по пристигнувањето во Скопје беше на прием кај Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.

Практично од доаѓањето на Мукаетов на чело на РФМ почна процесот на градење на националната иднина на овој спорт. Од година во година овие најави се реализираа за да денеска бидеме горди и на младите генерации.

ПретходноОфицијално: Првиот стрелец во ПМФЛ со трансфер од Воска во Магдебург! (ФОТО)
СледноПеп откри: Само еден играч може да го замени Де Брујне, но не можеме да го купиме!