Норвежаните не сакаат ВАР: Меч прекинат во знак на протест против употребата на ВАР системот (ВИДЕО)

256

Навивачите во норвешка продолжија со сериозни протести против ВАР системот, па вчера го прекинаа натпреварот од националното првенство меѓу Розенборг и Лилестром.

На стадионот Леркендал во рамките на 15. коло од националниот шампионат, мечот беше прекинат на самиот почеток. Само две минути по стартот на натпреварот, домашните навивачи почнаа да фрлаат предмети на теренот, по што судијата Рохит Саги го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалните.

Седум минути подоцна натпреварот продолжи, но повторно само четири минути подоцна, гостинските навивачи почнаа да фрлаат тениски топчиња и димни бомби на теренот. Ова доведе до нов прекин, по што натпреварот беше продолжен и прекинат уште двапати. И покрај предупредувањата, навивачите продолжија со протестите. Како резултат на тоа, судијата реши мечот да не се одигра.

Норвешките навивачи сериозно протестираат против употребата на ВАР во нивното првенство затоа што сметаат дека овој систем ја убива играта.

ПретходноФранцузите уапсија и осудија на две години затвор 19-годишник кој подготвувал напади за време на ЛОИ 2024
СледноБонучи: Конте ќе го однесе Наполи најмалку до второто место во Серија А